17 C
Скопје

Вакцината сѐ уште ја нема, ама СЗО е оптимист: До крајот на 2021 година ќе дистрибуира две милијарди дози

Светската здравствена организација (СЗО) се надева дека ќе може да дистрибуира околу две милијарди вакцини против коронавирусот до сите земји во светот до крајот на 2021 година, изјави претставникот на СЗО во Русија, Мелита Вујновиќ.

СЗО покажува умерен оптимизам кога станува збор за вакцините. Веруваме дека наскоро ќе можат да се даваат безбедни и ефикасни вакцини и оти фармацевтските компании ќе ни помогнат во борбата против пандемијата. На пример, со помош на механизмот КОВАКС, СЗО верува дека може да дистрибуира до две милијарди дози од еден или повеќе видови на вакцини против коронавирусот, рече Вујновиќ.

Таа додаде дека е рано да се предвиди кога светот ќе се врати во нормален живот.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Интервју со д-р Аспазија Софијанова: Верувам дека и за децата, ковид вакцината ќе влезе во стандардниот календар за имунизација

– Првиот контингент на вакцини ќе им биде понуден на луѓето на кои им е најпотребна, а тоа се здравствените и социјалните работници, како и најзагрозените групи, рече Вујновиќ.

КОВАКС е меѓународен механизам инициран од СЗО со помош на уште некои светски агенции за вакцини и имунизација, а целта е да се добие вакцината за Ковид-19 што е можно полесно и побрзо.

До денеска, 184 држави се приклучија на КОВАКС.

Поврзани вести

Ангелов оствари средба со синдикални претставници од КСОМ

Слободен печат

Алсат-М: Рашковски ќе гради хациенда од 800 квадрати во Побожје, а како инвеститори се заведени неговите деца

Слободен печат

Историски самит: Бајден и Путин сепак може да одржат состанок во трета држава

Слободен печат

Антикризните закони утре во Собранието на „брза ленда“

Весна Тодоровска

Вакцината „Спутник В“ наскоро ќе се произведува во Србија, Иран и Италија

Слободен печат

Франција ги прекина сите летови со Бразил

Слободен печат

Остави Коментар