Вакцината против Ковид-19, кога ќе биде готова, ќе дојде и во земјава, има 15 потенцијални производители

Светската здравствена организација и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација испратиле покана до Северна Македонија да се приклучи кон Ковакс механизмот, дознава Слободен печат од високи извори во Министерството за здравство.

Ковакс механизмот е договор на овие институции со сите потенцијални пронаоѓачи на вакцина, кога ќе бидат подготвени да ја дистрибуираат вакцината низ земјите потписнички рамномерно, додека не стигнат до 20 проценти од популацијата.

Околу 15 производители се сериозни кандидати да произведат вакцина, велат нашите извори од МЗ. Ова всушност значи, дека кој и да дојде до пронајдок на вакцината, ќе ја има и нашата земја во предвид при испораката на дозите и таа ќе биде достапна за граѓаните.

Вакцината АЗД1222, популарно наречена Оксфорд вакцина, влезе во последната фаза на тестирање, а се очекува да биде во употреба во Велика Британија, САД и неколку европски земји во септември.

Вакцината на Оксфорд, во моментот се тестира на околу 10.000 доброволци во Велика Британија, 5.000 во Бразил, 2.000 во Јужна Африка и наскоро на 30.000 лица во САД, влегувајќи во последната, трета фаза, по што итно ќе биде одобрена за употреба.

„Оксфорд вакцината“ ќе почне со употреба во септември: Штити од Ковид-19 неколку години, а чини колку едно еспресо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот