Вакцината поддржана од администрацијата на Трамп нема да биде одобрена пред ноември

Потенцијалната вакцина противв Ковид-19, која е поддржана од програмата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наречена „Оперјшн варп спид” (Operation Warp Speed) тешко дека ќе добие зелено светло од регулаторните тела пред ноември или декември, изјави синоќа директорот на американскиот Национален институт за здравје, Френсис Колинс.

Тој додаде дека е потребно да се даде доволно време за клиничките испиртувања на вакцината.

– Потребно е вакцината да се испита на најмалку 10.000 луѓе, тоа е најмала бројка на испитаниците за да се добијат доволно податоци дали вакцината е безбедна и ефикасна за широка употреба, наведе Колинс.

За последниот стадиум на испитување на вакцината во САД ќе бидат вработени повеќе од 30.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот