Вакцината на „Астра Зенека“ доби поддршка од ЕУ заради поевтината цена

АстраЗенека / Фото: EPA/DRAGO PRVULOVIC SWEDEN OUT

Европските влади ќе плаќаат отштета за надминување на границата договорена со компанијата „Астра Зенека” за можните последици од нејзината потенцијална вакцина против Ковид-19, според одредбите од договорот со таа компанија кои се различни од договорот со „Санофи”, изјави европски официјален претставник.

Договорите ги одразуваат различните стратегии на овие водечки глобални производители на лекови кога станува збор за одговорност за можните последици од вакцините насочени кон ставање крај на пандемијата.

Британската компанија „Астра Зенека” доби поддршка од Европската унија во таен договор, бидејќи бараше пониска цена за нејзината потенцијална вакцина, рече официјалното лице.

„Ако некоја компанија побара повисока цена, ние не даваме еднакви услови”, изјави претставникот, кој учествуваше во преговорите, но не сака да биде именуван бидејќи договорите се тајни.

Неочекуваните несакани ефекти откако лекот ќе добие регулаторно одобрување се ретки, но поради брзината со која се развива вакцината против Ковид-19, ризиците се поголеми.

Договорот со „Астра Зенека”, со кој се префрла дел од ризикот на вакцини кај даночните обврзници, беше склучен со Европската комисија во август, но одредбите за одговорност досега не беа познати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот