Вакцинацијата во Тетово почна со 80 термини во Здравствениот дом

Скопје, 31 март 2021 / ФОТО: Драган Митрески - СП.

Вакцинацијата во Здравствен дом Тетово почна со првите 80 дози вакцини кои ги примија заинтересираните граѓани пријавени преку матичните лекари и „Мој термин”. Вакцина денеска примаа лица над 77 години.

-Вакцинацијата се одвива без проблеми досега. Се врши во два пункта во Здравствен дом Тетово. Денес ќе се работи само во прва смена и ќе се дадат 80 вакцини согласно определените термини. Од утре почнуваме со две снени од 8 до 20 часот, информираше Борислав Јоргаќиески, директор на Здравствен дом Тетово.

Пријавени преку сајтот вакцинација.мк и „Мој термин” досега се околу 5200 граѓани од сите шест тетовски општини.

– Од Министерството за здравство добиени се 800 вакцини кои првично ќе бидат наменети за лица над 77-годишна возраст.  По вакцинација на оваа категорија се преминува на останатите старосни категории. Вакцините понатаму ќе се доставуваат до нас сукцесивно, според бројот на пријавени пациенти од посочената категорија, рече Јоргаќиески.

Вакцинирањето се спроведува во Службата за вакцинација во  склоп на ЈЗУ Здравствен дом Тетово, а доставени се вакцини од производителот АстраЗенека

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот