Вакцинацијата против грип ќе почне за 11 дена

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип почнува на 22 ноември 2019 година. За претстојната сезона 2019-2020 година, набавени се 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници. Дополнително, набавени се и 21.000 комерцијална вакцина од Центрите за јавно здравство.

„За првпат, од оваа година се подобрува достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип,  покрај 10-те Центрите за јавно здравје, во вакцинацијата ќе бидат вклучени и три поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствен Дом Скопје. Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот“, се вели во соопштението на Минитерството за здравство.

Прочитајте и...  Општина Карпош ќе контролира кој и зошто ги крши детските игралишта

Заинтересираните лица можат да закажат бесплатна вакцинација од 18 ноември, преку својот матичен лекар.Како и во изминативе сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во месец февруари.

„Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неточни информации во јавноста. Ширењето на лаги стана главната одлика за нивно функционирање, кои внесуваат забуна, недоверба и на штета на пациентите. Сите постапки кои се спроведуваат во Министерството за здравство се законски, во рок, јавни, транспарентни и на увид на целата јавност.Потенцираме, пикот на активноста на вирусот на грип е во месец февруари. Ноември и декември е оптималното време за вакцинација. Лековите се оригинални, квалитетни и не се од паралелен увоз, како што претходно беа набавувани“, реагира ресорното министерство.

Прочитајте и...  Борел: ЕУ не го признава Лукашенко за легитимен претседател

Прочитај повеќе

Во Загреб е можен земјотрес 30 пати посилен од оној во март, предупредува сеизмолог

Слободен печат

Етничкиот клуч пак ги отвора сите врати

Слободен печат

Дендиас: Турција да го почитува меѓународното право

Слободен печат

Без заштитна маска „уловени“ 597 лица, заработија казни од МВР

Слободен печат

Хоти потпиша договор со Меѓународната финансиска корпорација за развој за повеќе од милијарда долари

Илинка Иљоска

Брзо возеле 130 лица, МВР казни вкупно 311 возачи

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

МОН: Со законските измени се овозможува непречено одвивање на наставата и во вонредни околности

Слободен печат

Ќе се чисти малата депонија во ОХИС, големата ќе почека

Во Вила Водно одбележан Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест

Слободен печат

Фигаро: Турција вешто се инфилтрираше во традиционалното американско-руско ривалство

Слободен печат

САД не заземаат позиции за споровите околу поморските граници на другите земји

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

Слободен печат