Вакцинацијата почнува во среда

Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека веројатно во среда ќе почне вакцинацијата, а утре на скопскиот аеродром околу 14 часот треба да пристигне првата пратка.

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но сѐ уште нема потврда кога.

Од руската вакцина „Спутник V” се очекуваат 200.000 дози, а со оние од „Астра Зенека” вкупно 2.200.000 вакцини треба да стигнат во Македонија.

– Многу веројатно дека во среда ќе почне вакцинацијата, а вакцината утре треба да пристигне на скопскиот аеродром околу 14 часот. Ги добивме од руската компанија сите потребни документи за да се подготви административната процедура во Агенцијата за лекови, што значи увозна дозвола и сега во текот на викендот и непосредно по доаѓањето и дозволата да се стави во употреба – информира министерот.

Во врска со кинеската вакцина Филипче објасни дека се завршени сите потребни административни работи.

– Ги завршивме сите потребни административни работи, размената на документите и сме во комуникација. Очекуваме тајминг за нивното доаѓање – рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот