Вакцина за коронавирус најбргу може да се очекува за една година

Фото: МИА

Д-р Жарко Караџоски додаде дека според некои насоки можеби во септември би имало претклничко истражување и се согласува до крајот на 2020 вакцина се уште ќе нема.

Вакцината за коронавирусот не би можело да се очекува да биде произведена до крајот на оваа година. Процесот за секоја вакцина е долготраен и со максимално забрзување, најмалку се потребни 12 до 18 месеци, а и претходат и неколку фази на претклинички испитувања, рече д-р Владимир Микиќ.

-Според она што досега го знаеме, во најбрз можен рок, меѓу година и година и пол би бил периодот кога може да се произведе, рече епидемиологот,  одговарајќи на прашање на денешната видеосесија за КОВИД-19 кога би можело да се очекува вакцина за новиот вирус.

Д-р Жарко Караџоски додаде дека според некои насоки можеби во септември би имало претклничко истражување и се согласува до крајот на 2020 вакцина се уште ќе нема.

-На крајот на 2020 година нема да имаме вакцина, меѓута во иднина на ова ќе гледаме дека сме се бореле со непозната работа која ќе биде сезонска, рече Караџоски, додавајќи дека целата состојба ја следат и низа информации, кои се уште се на ниво на шпекулација, меѓу кои и дека вирусот во следниот период ќе почне  да се шири  на Јужната полутопка и дека следната година може да ни се врати како сезонско заболување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот