Вакцинираните патници од ЕУ и САД без карантин ќе можат да престојуваат во Англија

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Англија од следната недела на сите вакцинирани посетители од Европската унија и САД ќе им овозможи да влезат во земјата без задолжителен карантин, соопшти денеска британскиот министер за транспорт, Грант Шапс,  што е веста што долго ја очекуваа авиокомпаниите и туристичките компании.

Британската туристичка индустрија остро ја критикуваше владата за пребавното отворање на земјата, тврдејќи дека не ја искористи водечката позиција во светот со вакцинирањето, со што на ЕУ и даде предност во привлекувањето туристи.

Владата соопшти дека од 2 август сите патници вакцинирани со вакцини одобрени во ЕУ и САД нема да мора да одат во карантин. Одлуката ги опфаќа најголемите девет пазари во Велика  Британија според бројот на посетители уште од пред пандемијата со Ковид-19.

Отворањето на Англија најверојатно ќе го следи и остатокот од Обединетото Кралство.

„Патниците, меѓутоа, пред поаѓање и веднаш по пристигнувањето во Англија ќе треба да бидат тестирани за Ковид-19″, напиша министерот Шапс на Твитер.

Овој потег ќе им помогне на авиокомпаниите и туристичките агенции да го интензивираат работењето по 16 месеци ограничувања, што многумина ги доведе до сериозни финансиски тешкотии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот