Вака живее денес Сузан Бојл: На сметката има милиони, го смени изгледот и не сака да се мажи

Profimedia

Сузан Бојл се појави во 2009 година во британското шоу „Британија има талент“ и оттогаш нејзиниот живот во целост се смени.

Поминаа 12 години откако Сузан Бојл (59) на сцената од шоуто „Британија има талент“ ја запеа песната „I Dreamed A Dream“ и ја освои публиката со својот прекрасен глас. Оттогаш животот ѝ се смени преку ноќ и од сиромашна домаќинка стана светска сензација, а нејзиниот настап на Јутјуб има стотици милиони прегледи.

Иако победата во шоуто ѝ избега „за влакно“, потоа таа настапуваше на сцените низ светот и заработи богатство, но остана приземна и продолжи да го живее животот по свои правила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susan Boyle (@susanboylemusic)

Музичката кариера досега ѝ донесе заработка од 22 милиони фунти, но со парите никогаш не се расфрлала. И додека финансиската стабилност ѝ овозможи да живее безгрижно, воедно парите беа причина за караница со брат ѝ. Имено, Сузан и брат ѝ Гери не разговарале две години откако се појавија гласини дека тој ѝ се заканувал дека ќе ја убие ако не му даде 50 илјади фунти.

Пејачката наводно во текот на годините му дала дури 400 илјади фунти, но нему му пречело тоа што таа не ги прекинала односите со членовите на семејството кои ги ширеле озборувањата за него. Се смирија во 2016 година и оттогаш се во добри односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susan Boyle (@susanboylemusic)

Таа исто така откри дека долго време се борела со „духови од минатото“, односно долго страдала поради малтретирањето кое го трпела од татко ѝ додека растела.

Татко ми често знаеше да ме удри. Иако во суштина беше добар човек, беше многу темпераментен. Неброено многу пати ме повреди. Со години го криев тоа во себе и не сакав со никого да зборувам за проблемите со татко ми. Не е лесно да прифатите дека некој ве удира и физички ве малтретира. Со месеци се фокусирав и се борев со „духови од минатото“ – изјави Сузан и откри дека конечно успеала да ја надмине таа болка и да продолжи со животот, не осврнувајќи се повеќе на лошите односи со татко ѝ. Нејзиниот татко Патрик Бојл, рудар и ветеран од Втората светска војна, починал во 1997 година на 81-годишна возраст.

Денес Сузан сè уште живее во својата родна куќа во британскиот Бекбурн, а ја купила и соседната куќа која ја споила. Во една пригода се обидела да се пресели во луксузната вила која ја купила, но тешко ѝ било да се приспособи во новата средина и брзо се вратила во родниот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susan Boyle (@susanboylemusic)

Иако останала верна на своите корени, од појавувањето во шоуто драстично го смени изгледот.

Денес има многу поелегантен имиџ од оној по кој ја паметат од првото појавување на телевизија.

Била на третмани со ботокс и ослабна многу, што ѝ помогна во борбата со дијабетесот.

За својот љубовен живот Сузан првпат прозборе кога во тек на една турнеја во хотелот каде била сместена, запознала еден американски лекар.

Бевме на ручек неколкупати, но не сакам ништо повеќе од платонска врска. Предолго сум сама за да се мажам – раскажа во едно интервју и призна дека ѝ ласкаат писмата од машките обожаватели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот