ВАКА СЛАВИ РАМУШ ХАРАДИНАЈ: Пее „Косово, убавице“, додека куршуми му летаат над глава (ВИДЕО)

Сињали

Учесниците на настанот организиран по повод Денот на ослободувањето на општина Дечан „пијани“ од атмосферата создадена од патриотските песни, пукаа рафали со оружје додека куршумите летаа над главата на косовскиот пратеник Даут Харадинај, пренесува Бота Сот.

За време на прославата, косовскиот премиер, Рамуш Харадинај ја пееше неговата омилена песна „Косово, убавице…“. Додека шефот на косовската влада го докажуваше својот талент на пејач, тој беше придружуван од истрели од пиштоли и калашникови од присутните, јавува Сињали.

Целиот настан се случи на 26 јуни годинава, во таканаречената „Бјешка е Белас“ во општина Дечани, по повод 20-годишнината од ослободувањето на оваа општина.

Во видеата обезбедени од Сињали, се гледа братот на премиерот, пратеникот Даут Харадинај, како се смее од целата ситуација додека го наведнува своето тело од куршумите кои се пукаа во рафал над неговата глава и не се знаеше каде завршуваат.

За Сињали информирале дека на забавата пукале и самиот премиер Рамуш Харадинај и неговиот брат Даут Харадинај, член на косовското Собрание. На настанот биле присутни и припадници на косовската полиција, кои ја толерирале оваа состојба на анархија следејќи ја како спектатори.

За изненадување, никој не беше приведен од Косовската полиција и овој настан остана незабележан за пошироката јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот