Вака се решаваат проблемите со комшиите, кога имате пари!

Фото: Инстаграм

Пејачот Ед Ширан (28) потрошил нешто повеќе од 4 милиони евра со цел неговите комшии да престанат да се жалат на бучавата која доаѓа од неговата куќа.

Имено, пејачот ги купил сите куќи на неговите комшии, кои ја опкружуваат неговата два милиони евра вредна вила и проблемот го решил така што сега сите имаат добивка. На ова задоволство потрошил околу 4,5 милиони евра, но сега барем може да прави бучава колку што сака.

Ширан, според проценката на Форбс е на петтото место на листата со познати кои најмногу заработиле од јуни 2018 година до јуни 2019 година. Форбс наведува дека Ширан инкасирал 98 милиони евра во тој период, а неговиот вкупен имот е проценет на 142 милиони.

Медиумите прогнозираат дека Ширан до 30-та година ќе стане милјардер, бидејќи само на „Divide“ турнејата може да заработи околу 670 милиони евра.

Пејачот поседува и џиновска куќичка на дрво, сопствено езеро, а својата штала ја претворил во личен паб и ја опремил со одбрана колекција на пива.

Она што на многумина им е непознато е дека Ширан пред славата дури две години живеел како бездомник. Сега е јасно дека животната ситуација му е драстично поинаква, а тој неодамна ја ожени и љубовта на својот живот Чери Сиборн.

Додека тој ужива во своите милиони, вие опуштете се со неговите песни…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот