Вака почнаа протестите во Бугарија: Опозиционер беше уапсен на плажа, па почна хаосот (ВИДЕО)

Румен Радев, Бојко Борисов
Румен Радев, Бојко Борисов. / Фото: LUDOVIC MARIN / POOL

Протестите засега се мирни, иако повремено доаѓаше до употреба на прекумерна сила од страна на полицијата, што може дополнително да ги влоши општествените тензии.

Бугарскиот претседател и премиер се заробени во судир кој настана откако владата одби да поднесе оставка после полициската рација во зградата на претседателот, а тие политички тензии се прелеаја на улиците во бугарските градови.

Претходните неколку дена протестите се проширија низ Бугарија, а започнаа на една мала плажа на брегот на Црното море, поточно почнаа кога лидерот на малата опозициска партија Демократска Бугарија, Христо Иванов се обиде на 7 јули да дојде до плажа, но таму го пресретна службеник на Националната безбедносна служба (НСО).

Тој службеник со уште неколку колеги ја обезбедувал блиската викендичка на поранешниот лидер на Движењето за права и слободи Ахмед Доган, за кого Иванов тврди дека владата на Бојко Борисов му дозволила да заземе јавна плажа која и припаѓа на државата.

Иванов, освен тоа, го обвини Борисов дека му дозволил на Доган да користи услуги на НСО кои ги плаќаат даночните обврзници.

Два дена подоцна, претседателот на Бугарија Румен Радев, реагирајќи на тврдењата на Иванов, упати критика на кабинетот на Борисов и истакна дека НСО треба да престане да чува поединци како Доган.

Истиот ден, вооружени сили на обвинителството влегоа во претседателството и уапсија двајца службеници од админстрацијата на претседателот, а Радев и Иванов тој потег на државниот обвинител Иван Гешев го протолкуваа како пристрасност и политички чин.

Поради тоа Радев и Иванов бараа оставка од обвинителството и владата, а Борисов одби. И покрај поддршката од народот која владата на Борисов ја доби поради начинот на кој се справува со епидемијата на ковид-19, овој скандал успеа да ја обедини опозицијата, па почнаа протести најпрво во Софија, а потоа и во Варна, Пловдив и другите градови.

Протестите засега се мирни, иако повремено доаѓаше до употреба на прекумерна сила од страна на полицијата, што може дополнително да ги влоши општествените тензии и малку е веројатно дека ќе се смират сами од себе, зошто го претставуваат бесот на пошироката јавност и фрустрацијата на народот поради корупцијата во целина.

Идните парламентарни избори треба да се одржа на пролет идната година.

Се смета дека негативните економски изгледи поради епидемиолошката криза би можеле да ја дестабилизираат владата и да ја намалат поддршката за Борисов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот