Вака изгледа првиот лет на новиот руски дрон – Можностите му се скоро НЕОГРАНИЧЕНИ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Министерството за одбрана на Русија објави видео снимка од првиот лет на безпилотното летало „Алтиус-У“, кое може да лета еден ден.

„Алтиус-У“ настанал како резултат на развојот и тестирање на голем број модели.

Летот траел 32 минути на висина од 800 метри, во потполно автоматски режим.

Во извештајот на Министерството за одбрана се истакнува дека сите системи на леталото работеле спрема планот.

Како што се наведува – системот е способен да направи целосен спектар на извидувачки мисии, со примена на оптички, комуникациски и радарски средства, а безпилотното летало може да лета повеќе од еден ден.

Тежината на леталото е околу шест тони. Посебна карактеристика на системот е користењето на сателитски канал за управување, што го прави радиусот за негова примена да е скоро неограничен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот