Вака изгледа кога Ели Саб ќе ја дизајнира венчаницата за својата снаа (ФОТО)

Не е тајна дека Ели Саб е познат по вечерните фустани кои ги дизајнира, но и венчаниците кои со задоволство би ги носела апсолутно секоја невеста.

Тој за сопругата на својот син дизајнирал раскошна венчаница за која велат дека таа засега е неговото најдобро дело.

Станува збор за невестински фустан на кој дизанерот со членовите од неговиот тим работел 450 часа кога станува збор за везењето, 150 часа кога станува збор за стилизирањето и поставувањето на секое парче материјал на свое место и 200 часа кога станува збор за кроењето. Напорната работа создаде венчаница која е украсена со 500 илјади светлуцави елементи и кристали.

Она што е интересно е тоа што неговата снаа Кристина уште пред десет години мечталеа за тоа токму Саб да го дизајнира нејзиниот невестински фустан.

– Својот свекор го запознав уште пред десет години и уште тогаш му кажав дека би сакала еден ден токму тој да ја креира мојата венчаница. Десет години подоцна тој сон се оставри – изјави таа.

Но, тоа секако не е единствениот фустан кој невестата го носела на својата венчавка. Имено, таа се пресоблекла и во бајковита креација која била украсена со 650 илјади кристали и 150 илјади Сваровски кристали.

Погледнете како изгледаа фустаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот