Вака би изгледала табелата во Премиер лигата без судиските грешки! (ФОТО)

EPA-EFE/ANDY RAIN

Сезоната во Премиер лигата наскоро ќе го има својот крај, шампионот е веќе познат, но и натаму се води голема борба за позициите кои водат во Лигата на шампионите, односно Лига Европа.

Ливерпул ја обезбеди титулата, во саботата на „Енфилд“ одигра 1:1 против Барнли, иако ремито ништо не значи, но Јирген Клоп беше лут после натпреварот и директно ги обвини судиите поради некои погрешни одлуки.

Во последно време има доста забелешки на судењето во Топ 5 европските лиги, особено во Шпанија, Италија и Англија, каде што ни ВАР не помага.

Покрај Клоп, претходно се жалеа уште Жозе Мурињо, Астон Вила, но залудно, бидејќи нештата не се променија.

фото: принтскрин/твитер

На Твитер се појави табела на Премиер лигата без судиските грешки во тековната сезона. И без истите Ливерпул ќе останеше прв, но со сеуште необезбедена титула.

Интересно е тоа што Арсенал и Вулверхемптон би биле на позициите три и четири, па сега би биле најблиску до ЛШ, Лестер на петтото, а Челси на шестото место.

Оваа табела ништо не претставува и не мора да значи, но доколку веќе ја следиме, можете да забележите дека на истата Манчестер јунајтед е сместен дури на 10 место.

Неодамна и екс менаџерот на Јунајтед, Мурињо истакна дека „црвените ѓаволи“ имаат помош, односно 13 пенали се голема помош за Манчестер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот