ВАКА АПСАТ РУСКИТЕ АГЕНТИ: Мирно шеташе по улица, а потоа не знаеше што го снајде! (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

ВАКА АПСАТ РУСКИТЕ АГЕНТИ: Мирно шеташе по улица, а потоа не знаеше што го снајде! (ВИДЕО)

За време на апсењето запленети се и неговите банкарски картички, лап-топот и мобилни телефони.

Руската сојузна безбедносна служба (ФСБ) го приведе 26-годишниот Георгиј Гуев поради сомнение дека давал финансиска помош на терористичката „Исламска држава“.

– Осомничениот собирал финансиски средства и ја помагал ИД и Исраел Акнабиев, познат и како Абу Умар Саситлински. Поради криминалните активности на Гуев, во периодот од 2015 до 2019 година на ИД и е уплатено најмалку 50 милиони рубљи (687.850 евра). Тие пари ги користеле терористичките групи и со тие пари организирале терористички напади – изјави Светлана Петренко, портпарол на руската Истражна комисија.

За време на апсењето запленети се и неговите банкарски картички, лап-топот и мобилни телефони.

До крајот на истрагата Гуев ќе остане во притвор, по што против него ќе биде покренато обвинение.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close