Вака Американците се „дистанцираа“ викендов, среде пандемијата (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Какви последици ќе има ова и дали ќе доведе до повторен пораст на епидемиолошката крива, ќе се види за околу 2 недели.

Во САД денеска денеска се слави Ден на сеќавање (Memorial Day), национален празник посветен на оддавање почит на американските војници кои загинале во служба на земјата. Бидејќи тој се одржува последниот понеделник во мај, Американците обично го користат овој продолжен викенд за излети во природа и релаксација на плажите, во парковите и шеталиштата.

Калифорнија, САД / 24 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/EUGENE GARCIA

Судејќи според сликите и снимките, добар дел од Американците го искористија викендот пред Меморијалниот ден на целосно ист начин како претходните години, иако во тек е најголемата пандемија во последните 100 години.

Јужна Калифорнија, САД / 24 мај 2020 / EPA-EFE/EUGENE GARCIA

Актуелните мерки за социјално дистанцирање варираат од една до друга сојузна држава, некаде се укинати, а некаде во помала мерка, но се чини дека излетниците и шетачите како и посетителите на плажите овој викенд игнорираат се.

Речиси 100.000 починати пациенти, за викендот уште 1.600

САД, да потсетиме, според службените податоци е најтешко погодена земја во светот, со милион и 686 илјади потврдени случаи на ковид-19 и повеќе од 99.000 смртни случаи.

Иако на национално ниво, епидемиолошката крива е во пад, и натаму е далеку од својот крај, па во неделата се забележани 19.608 нови случаи, а во саботата 21.929. Што се однесува до смртните случаи, во неделата се забележани 617, а во саботата 1.036.

И покрај тоа, ширум Америка можеа да се видат толпи луѓе, тесно збиени. Веројатно најшокантно и највирални снимки доаѓаат од јужната држава Мисури, каде базените на популарното излетничко место Езерото Озаркс, беа пренатрупани.

„Се чини дека сите тие имаа иста идеја, да дојдат на езерото и да уживаат во летото на социјална дистанца“, коментираше саркастично локален жител кој објави тајмлапс видеo од бродовите на езерото во неделата.

Забави на базен во Мисури

„Ги добив денеска овие слики од Езерото Озаркс. Објектот има знак дека предупредува на држење дистанца од 2 метри. Не изгледа како гостите да го почитуваат знакот или дека објектот го спроведува тоа“; напиша на Твитер корисникот Колин Џефри, покрај своите фотографии.

Но, не беш Мисури единствен. Толпа луѓе можеа да се видат во Оушн Сити, Мериленд. „Поглед на шеталиштето во Оушн Сити, Мериленд, ова попладне. Носењето маски се поттикнува, не е задолжително“, напиша на Твитер новинарот на Си Би Ес Мајк Хелгрин.

Воопшто не чуди, но плажите на Флорида, кои беа полни и непосредно пред воведувањето на наредбите за останување дома, повторно беа преполни. Во округот Пајнелас околу 300 полицајци се обидуваа да ја контролираат оддалечноста на луѓето на плажата.

Слично изгледаа и плажите во Калифорнија, каде посетеноста беше висока за време на целиот празничен викенд:

Јужна Калифорнија, САД / 24 мај 2020 / EPA-EFE/EUGENE GARCIA
Јужна Калифорнија, САД / 24 мај 2020 / EPA-EFE/EUGENE GARCIA

На Флорида забава среде улица, дошло и до пукање

Всушност, плажите биле толку полни, што на крајот полицијата морала да ги затвори паркинзите и да ги враќа оние кои тргнале на плажа. И додека очевидци ги фалеле посетителите кои се обидувале да се дистанцираат еден од друг, други заклучуваат дека немало никакво социјално дистанцирање и дека едноставно имало премногу луѓе.

Какви последици ќе има ова и дали ќе доведе до повторен пораст на епидемиолошката крива, ќе се види за околу 2 недели.

А во Дејтона бич во саботата навечер дошло до застој на сообраќајот зошто луѓе се собрале среде улица и правеле забава, притоа фрлајќи и пари по улицата. Сето тоа го сними полициски хеликоптер. Во еден момент дошло до тепачка, потоа и до пукање во кое се ранети најмалку пет лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот