Вајналдум најави дека Холанѓаните ќе го напуштат теренот доколку има расизам во Будимпешта!

Фото: EPA-EFE/Kenzo Tribouillard

Капитенот на „лалињата“, Џорџино Вајналдум се осврна на следниот настап на континенталниот собир, во Будимпешта (Унгарија), каде ги чека мечот од осминафиналето против Чешка в недела од 18.00 часот.

Повод беа расистичките испади на тамошните навивачи на мечот со Франција упатени до Килијан Мбапе и Карим Бензема, токму на „Пушкаш“ Арената.

– Размислуваме за тоа. Можеби тие ќе го направат тоа, кога ќе излеземе од теренот. Прво ќе одам кај судијата, но не знам каква ќе биде мојата реакција кога ќе има адреналин. Доколку се случи тоа – УЕФА мора да реагира, тие мора да нè штитат.

Во минатото играчите го напуштаа теренот и не добиваа поддршка. Не ја исклучувам можноста да го напуштиме теренот доколку нешто се случи во недела – рече Вајналдум, новиот фудбалер на ПСЖ.

Вајналдум е еден од најдобрите играчи на својата репрезентација на овој шампионат, каде трипати се запиша во листата на стрелците, двапати против Македонија. Избраниците на селекторот Франк Де Бур доколку триумфираат во унгарскиот главен во четвртфиналето ќе играат со подобриот од дуелот помеѓу Велс и Данска.

Лукаку е хит на интернет со својот одговор на навивач на Јунајтед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот