Вајли пристигна во Скопје: Со соиграчите поставивме цел, да ја внесеме Македонија во мундијалските квалификации

фото: КФСМ

Даниел Џејкоб Вајли е повторно во Скопје. И што е најважно, како што и самиот вели, максимално подготвен го чека приклучувањето во тренажниот процес со останатите свои репрезентативни соиграчи.

Пред некое време реков, полека но сигурно станувам „балканец“. Претходно добив македонски пасош, сега ќе играм за екипата на Будуќност од Подгорица, тоа е доста блиску до Скопје, и искрено ме радува што е така. Решив да играм во екипа која има одличен тренер, исто таков ростер, која секогаш се стреми да биде при врвот на европската кошарка. Ќе играме во Еврокупот, во АБА лигата во националниот Куп и шампионат. Тоа се доста обврски, но подготвен сум за новиот предизвик- рече Вајли по слетувањето на скопскиот аеродром.

Вајли доаѓа во Скопје за да и се приклучи на подготовките на репрезентацијата која ја очекуваат претквалификациите во Скопје против селекциите на Швајцарија и на Словачка.
– Свесен сум за тежината која со себе ја носи играњето во дресот на националниот тим на Македонија. Би додал дека подготвен го дочекувам влегувањето во сала. Тоа ќе биде само продолжение- континуитет на мојата индивидуална работа која ја реализирав во изминатиот период во некои „домашни услови“. Пред себе си поставив една цел, заедно со соиграчите да ја однесеме Македонија во оној поважен сегмент од квалификациите за Светскиот куп – вели Вајли кој нема да има проблем со воигрувањето во репрезентацијата.

– Добро ги запознав момците во претходниот циклус, не гледам никаков проблем за тоа. Има и некои нови имиња, но важно е сите заедно да бидеме обединети, да направиме една одлична атмосфера која ја имавме и претходно во Перм. Имаме и нов селектор, стручен тим со кои ќе разговарам за сè што е потребно да ги реализираме планираните цели. Тоа е битна промена, но не ги менува моите размислувања кои се граничат со тоа да му се ставам на располагање на тимот, на стручниот штаб, се за еден добар резултат во оние мечеви од „меурот“ во Скопје.
Македонија од 12 до 18 август ја очекуваат мундијалските претквалификациите и во Скопје по два пати ќе играат против Швајцарија и Словачка

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот