Вајли пред Словачка: Не ме интересираат никакви математики, очекувам само победа

За Американецот со македонски пасош најдобриот рецепт против Словачка е само победа/Фото: kfsm.mk

Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли знае како треба да одиграме денеска во решавачкиот натпревар за првото место на табелата во групата „Ф“ и пласманот во квалификациите за Светскиот Куп 2023 години кои стартуваат веќе од ноември.

Американецот со македонски пасош вели дека на дуелот со Словаците (од 19.часот, МРТ 3), треба да му пристапиме максимално мотивирано, и пред сè, колективно.

– Нема тука што посебно да се зборува. Треба да продолжиме со игрите од претходните два натпревари. Сите да го вложиме својот максимум од можностите, и со една тимска работа да стигнеме до потцртаната цел. Да го завршиме овој турнир со уште една силна игра, и на првото место – рече Вајли.

Но, силното крило на нашата национална селекција знае дека не смее да има никакво опуштање против репрезентација која пред неколку дена ја совладаваме убедливо, со 22 поени разлика.

– Во никој случај, погледнете што се случи на вчерашниот меч со Швајцарија. Тие ги потценија во последниот период и за малку ќе беа казнети. Словаците се доста жилава, еластична екипа, постојано вртат една игра, не се откажуваат од тоа, дури и кога губат. И ние ќе мора да играме заедно и добро во текот на сите 40 минути.

Да немаме преголеми падови во играта како на некои од претходните натпревари. Мене не ме интересираат никакви математики. Гледам и очекувам само победа и ништо друго. Тоа е патот до успехот – вели репрезентативецот на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот