Вајлдер го отпушти тренерот поради кој ја загуби борбата со Фјури

твитер

Дионтеј Вајлдер го отпушти тренерот Марк Бреланд, човекот кој го фрли пешкирот во рингот за време на бокс мечот против Тајсон Фјури кој се одржа изминатиов викенд во Лас Вегас.

Фјури доминираше за време на целиот бокс меч, а Бреланд одлучи во седмата рунда да ја прекине борбата така што го фрли пешкирот во рингот. Тоа значеше крај на борбата, иако Вајдлер сè уште стоеше на нозе, но примаше тешки удари од Британецот.

По прекинот, на Вајлдер не му беше јасно што се случи, но кога сфати тој замина во неговиот корнер и луто ги праша своите тренери зашто го фрлија пешкирот со кој беше прекината борбата.

– Лут сум бидејќи зборувавме многу пати, станува збор за принципи. Јас сум шампион и воин. Доколку зборувам дека сум подготвен да убијам човек во рингот, тогаш морам да го почитувам тој принцип бидејќи во спротивен случај ќе умрам како воин -изјави Вајлдер кој најде неверојатна причина за поразот.

– Воопшто не бев повреден од ударите, но факт е дека костимот кој го носев при влез во рингот беше претежок. Не ги чувствував нозете уште на самиот старт од борбата. Во третата рунда, моите нозе како да пропаднаа. Но, јас сум воин и тоа сите го знаат. Дадов се од себе, но знаев дека не ги чувствувам нозете поради костимот. Го облеков една ноќ претгходно и не мислев дека ќе биде толку тежок. Беше тежок 20 килограми заедно со кацигата и батериите.

Американецот кој во неделата ја загуби титулата во ВБЦ верзијата, исто така потврди дека во наредните 30 дена ќе ја активира клаузулата за реванш, што ќе значи и трет бокс меч против Тајсон Фјури. Првата пресметка помеѓу двајцата тешкаши заврши без победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот