Вајгл на средба со Димитров: ЕУ треба да ги отвори преговорите со Северна Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со Иво Вајгл, член на Европскиот парламент и специјален известител на Парламентот одговорен за Република Северна Македонија, кој престојува во работна посета на Скопје.

На средбата, како што соопшти МНР,  се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со Европскиот парламент во рамките на  евроинтегративниот процес, за клучните реформски активности во земјата, како и за штотуку одржаните европски избори.

-Европратеникот го повтори својот став за остварениот видлив напредок на Република Северна Македонија на внатрешен и надворешен план, како и констатацијата дека оваа година ЕУ треба да ги отвори преговорите со земјата. Во таа насока, Димитров нагласи дека во фокусот на активностите се остварување на преостанатите обврски од ЕУ агендата во пресрет на годинешниот Извештај на ЕК, како и очекувањата за донесување на одлука на Советот на ЕУ за почеток на пристапни преговори во јуни 2019 година, се вели во соопштението од МНР.

Со оглед дека Вајгл не се кандидираше повторно за европратеник во Европскиот парламент, Димитров му се заблагодари на досегашниот придонес и ангажман во остварување на напредок на земјата на патот кон ЕУ, како и за искрениот пријателски однос и личните заложби. Притоа, му посака успех во натамошната работа, со желба да остане близок пријател на Република Северна Македонија и понатаму да ги поддржува евроинтегративните процеси на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот