Вајгл: ЕУ ја измами Македонија - Слободен печат

Вајгл: ЕУ ја измами Македонија

Неотворањето на пристапните преговори со Северна Македонија е катастрофална одлука што го поткопува кредибилитетот на ЕУ и нејзините институции кај сите земји со кандидатски статус, оцени Иво Вајгл, поранешен словенечи пратеник во Европскиот парламент и известувач за земјава во периодот од 2014 до 2019 година.

Во интервју за Еуропијан Вестерн Балканс, Вајгл силно го критикува неуспехот на Европскиот совет да и даде датум за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија.

– Би рекол дека ова едноставно е измама. Ова не е прифатливо за која било земја дури и за Франција, да блокира ваква работа против желбите на сите, дури и ја засрамува Европската унија, рече Вајгл.

Тој потсетува дека беше еден од потписниците на предлогот за доделување на Нобеловата награда за мир на Алексис Ципрас и Зоран Заев, посочувајќи дека Договорот од Преспа е еден од ретките позитивни случаи во овој дел од светот со кој еден сложен политички проблем беше решен на демократски начин.

Прочитајте и...  За разлика од загадувањето, бесплатниот превоз заврши

– И некој сега тоа го фрли во корпа за отпадоци и ги обезвредни напорите на овие државници, со што потврди дека оние кои беа против овие договори се во право – вели Вајгл.

Според него, ова испраќа лоша порака до оние кои работат на слични договори во регионот.

– Тие ќе се запрашаат себеси ако ЕУ може, зошто не и ние? На овој начин кредибилитетот на европската политика, воопшто, е поткопан – нагласува поранешниот европратеник Иво Вајгл.

Прочитај повеќе

На Народната библиотека во Белград осамнаа нацистички и расистички графити

Слободен печат

Ден на жалост во Косово поради смртта на полицаецот Тачи

Слободен Печат

Грета поднесе пријава за да си го заштити името и движењето од комерцијална злоупотреба

Слободен печат

Трамп разговараше со Си Џинпинг за коронавирусот

Слободен печат

Како Кинезите со шифрирани пораки ја избегнуваат интернет-цензурата за коронавирусот

Слободен печат

Објавена снимка од хеликоптерот на Коби пред да сруши (ВИДЕО)

Слободен Печат

Остави Коментар

two × five =

Прочитај повеќе

Европскиот парламент го потврди излезот на Велика Британија од ЕУ

Слободен печат

Британец во Вухан може да се врати дома, но неговата сопруга мора да остане во Кина

Слободен печат

Русковска по обвинувањата од Боки 13: Сите што имаат докази за нешто да ги достават до МВР

Слободен Печат

Без струја утре ќе останат делови од Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Илинден и Студеничани

Слободен Печат

Макрон го обвини Ердоган: Турција ги крши ветувањата за Либија

Слободен Печат

Заврши стручната дебата во Собранието за Законот за ЈО

Слободен Печат