Вајда открива како започна соработката со Ѓоковиќ:Не сакав да  се видам со него

принтскрин

Новак Ѓоковиќ во последната деценија израсна во еден од најдобрите тенисери во историјата, а најголем дел од успесите одат на сметка на неговиот тренер Маријан Вајда кој открива дека сосема случајно започна нивната соработка.

Новак Ѓоковиќ и Маријан Вајда ја започнаа соработката во далечната 2006 година кога Србинот беше талентиран тенисер, и тоа сосема случајно.

– Во пресрет на Ролан Гарос во 2006 година една агенција ме праша дали сум заинтересиран да се сретнам со Новак во Париз. Не знаев многу за него, само дека беше 63. тенисер на АТП ранг листата. Не сакав да одам, премногу патував, но донесов спонтана одлука да замина на средбата за да можам да и го покажам градот на најмалата ќерка Наталија која имаше 11 години.
Заминав да се сретнам со Новак, тој дојде до четвртфиналето на Ролан Гарос, а веќе на турнирот во Хертонгенбош веќе бев негов тренер – зборува Вајда.

По 11-годишна соработка, двоецот одвои во 2017 година, Ѓоковиќ започна да работи со Андре Агаси, додека Вајда конечно доби можност постојано да биде со семејството.

Сепак, по само една година и двајцата увидоа дека се идеален тандем, а Вајда е човекот кој најдобро го разбира Новак. Вајда има огромен удел во освојувањето на 17 грен слем трофеи на Ѓоковиќ.

– Толку долго работам со Новак така што ова повеќе не е тренинг, туку доверба и енергија. Новак чувствува голема поддршка од мене, а една од најважните работи во тенисот е тренерот ментално да биде вклучен во натпреварот, а играчот да види колку тренерот е присутен на тој дуел и колку е заинтересиран за конечниот исход. Јас не сакам само да работам на тренинзите и да седам, јас сум заинтересиран за се – вели Вајда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот