Вајда немаше да му стане тренер на Ѓоковиќ доколку ја послушал својата ќерка

epa07061413 Novak Djokovic (L) reacts with his coach Marian Vajda (R) during his open training session in Belgrade, Serbia, 01 October 2018. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тренерот на најдобриот тенисер на АТП ранг листата, откри анегдота за нивната прва средба.

Еден од најзаслужните и најважните луѓе во кариерата на Новак Ѓоковиќ е неговиот тренер Маријан Вајда, нивната соработка започна во 2006 година и со мал прекин од мај 2017. до почетокот на 2018 година, се уште трае.
Вајда во разговор за „Functional Tennis Podcast“ зборуваше за првата средба со Новак Ѓоковиќ и раскажа анегдота во која малку фалело да не биде тренер на српскиот тенисер.
– Патувавме во Париз каде го запознавме целото семејство, родителите и браќата, а Новак беше на теренот и тренираше со Оливие Роху. Јас бев заедно со ќерка ми и го гледавме Новак. Потоа ја прашав: „Наталија, што мислиш за ова момче“?
Тогаш Новак имаше неколку размени на удари, а потоа ќерка ми ми рече „Не знам, нема никаков бекенд“. Уште тогаш не и се допадна неговата игра, ми зададе задача и ми порача дека имам тешка работа пред мене и дека морам да ја унапредам неговата игра. Но, уште тогаш во Новак видов дека е неверојатен натпреварувач. Еднаш кога ќе излезе на терен, речиси и да не губи поени – раскажува Вајда.

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Голем кредит на Вајда му оддадоа и Британците, односно порталот Експрес, кој направи анализа на успесите на Ѓоковиќ и дојде до заклучот дека клучот во тоа е токму неговиот тренер.
– На почеткот од нашата соработка Новак не успеваше да се пробие до првото место бидејќи сакаше до него да дојде пребрзо. Секогаш му потенцирав дека мора напорно да работи, посебно на тренинзите. Вложи многу напор и трпение во овој спорт, се развиваше низ болки и труд, имаше моменти и кога не веруваше дека може да дојде до врвот. Сетоа тоа се случуваше во периодот од 2006 до 2011 година – зборува Вајда кој додава:
– Секогаш верував дека мора да се работи чекор по чекор и да ја унапредува својата игра, се со моментот кога самиот не започна да верува оти може да дојде до потребното ниво како што се случи во 2011 година која беше неверојатна за Новак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот