Вајда ќе биде покрај Ѓоковиќ на Роан Гарос
Маријан Вајда, не присуствуваше во Мелбурн кога Новак Ѓоковиќ ја освои деветтата титула на Австралија Опен, а вкупно 18. грен слем титула во кариерата.
Ѓоковиќ неодамна триумфира на првиот годинешен грен слем, е покрај него беше само еден од двајцата тренери, Горан Иванишевиќ. Вториот тренер Маријан Вајда остана во Европа, но открива дека секојдневно биле во комуникација со Ѓоковиќ и Иванишевиќ.
– Секој ден се слушавме, ги анализиравме претхнодните мечеви, ја подготвувавме тактиката за новите ривали и се грижевме за неговата здравствена состојба. Ми беше жал што не бев во Мелбурн. Нкогаш нема да заборавам кога ја освои првата титула во Мелбурн 2008 година и што се случуваше во соблекувалната – изјави Словакот кој најави дека на следниот грен слем турнир повторно ќе биде покрај српскиот тенисер.
– Треба да видиме како ќе изгледа неговиот календар, бидејќи ме загрижуваат извештаите за неговата повреда. Сигурно е дека ќе се намали бројот на турнири на кои Новак ќе настапи бидејќи неговото здравје мора да ни биде најважно. Мiслам дека патувам во Дубаи да се видам со него, а сигурно е дека ќе бидам покрај него на Ролан Гарос.
Според првичниот план за санирање на повредата на стомачните мускули, Новак Ѓоковиќ уште две недели ќе одмора, а потоа ќе има нов преглед по што ќе биде познато кога ќе може да се врати на тениските терени.