Вагон од патнички воз се излизгал од шините кај „Кадина Река”, нема повредени

Македонски железници/ Фото: МИА

Еден вагон од патничкиот воз на релација Гевгелија – Скопје утринава околу 7 часот излизгал од шините на станицата „Кадина Река”, меѓу Велес и Скопје.

При инцидентот нема повредени патници, изјавија за МИА од „ЖРСМ – Транспорт”.

Повредени патници нема. Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се префрлени во Скопје, велат од „ЖРСМ – Траснпорт”.

Сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје во моментов е во прекин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот