В сабота се отвораат организираните плажи во Грција

EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

По препорака од надлежната комисија за заштита на јавното здравје, грчката Влада одлучи дополнително олабавување на мерките и отворање на организираните плажи, дел од судовите, дел од центрите за дополнителна настава и училиштата за странски јазици, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, од сабота, 8 мај се отвораат организираните плажи, додека пак од понеделник почнуваат со работа и дел од судовите, но и центрите за дополнителна настава и училиштата за странски јазици со физичко присуство на учениците, но само оние што се поврзани со испити или со полагањето државна матура за упис на факултет.

Дополнително, ќе бидат соопштени и протоколите и правилата за начинот на работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот