В понеделник истекува рокот за парична помош за прваче

Понеделник, 16 септември, е крајниот рок за поднесување барање за еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2019/2020 година на подрачјето на општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет-страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Во прилог на барањето потребно е да се достават следните документи, кои треба да се оригинал, на увид, а не копија:

• Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2019/2020 година заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром
• Оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид
• Важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во општина Аеродром на увид
• Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид

Целта на овој проект, како што велат од општината, е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот