В петок ќе се случува фестивалот Востание во МКЦ

Годинава настапуваат четири домашни бендови, сите активни и со нови изданија. И за прв пат кај нас, ќе ја имаме честа да ги гледаме FIRST BLOOD! Формирани 2002 во Сан Франциско, Калифорнија, Карл и неговата дружина носат безкомпромисен, моќен и суров хардкор/метал. 17 години, три студиски албуми и безброј турнеи низ целиот свет.

Домашните машини Shock Troopers имаа одлична година. „Глуво Доба“ излезе на плоча преку Diehard records, промовираа во МКЦ и заминаа на Европска турнеја. За само две години Последен Удар успеа да се постави како доста сериозен бенд. По одличното “EP”, летово го само-издадоа албумот „Не сме како вас“ и ќе го свират во живо на Востание 5! Short Fuse Hero по кратка студио пауза повторно на сцена. Во меѓувреме снимија ново “EP” и лансираа спот за „Кој ве ебе“! Свежата крв Conspiracy го издаде својот деби албум Dehumanized пред неколку месеци.

Билети во претпродажба на билетарницата во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот