В недела струјата за скопјани најевтина оти пола Скопје нема да ја има

Далновод / Фото: EPA

Од ЕВН Македонија информираат дека по барање на МЕПСО в недела, во периодот од 03:55 часот до 07:00 часот наутро, Електродистрибуција ќе обезбеди безнапонска состојба на 110 кВ трафостаница „Југ Нова“.

Во тој период екипите на МЕПСО ќе работат на санација на оштетено заштитно јаже.

Поради тоа без електрична енергија ќе останат 261 дистрибутивни трафостаници и околу 35 268 броила во регионот на:

СКОПЈЕ – ЦЕНТАР: Веро-центар, Народна Банка, поголем дел од централното градско подрачје, населба Пролет, собрание на РСМ, Црвен крст, Управа за јавни приходи, Тутунски Комбинат , ГТЦ;

СКОПЈЕ – КИСЕЛА ВОДА: поголем дел од населба Кисела Вода и населба 11 Октомври, населба Припор и дел од с. Сопиште.

СКОПЈЕ – АЕРОДРОМ: Поголем дел од населба Аеродром, зградата на Македонија Табак, фабриката Алкалоид Билкарство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот