Во четврток дезинсекција против ларви од комарци

фото МИА

Авионска дезинсекција против ларви и комарци на подрачјето на Град Скопје ќе се изврши во четврток во раните утрински часови.

Како што информираат градските власти, истиот ден, во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција (од земја) против ларви од комарци.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, истакнуваат од Град Скопје.

Од Градот ги известуваат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот