Уживав на теренот, едвај го чекам финалето со Новак – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Уживав на теренот, едвај го чекам финалето со Новак

Рожер Федерер по пласманот во 12. финале на Вимблдон призна дека и уморен од дуелот со Надал.

Рожер Федерер ја доби пресметката со големиот ривал Рафаел Надал со 3:1 во сетови и си обезбеди пласман во финалето каде ќе се обиде да дојде до деветтата  титула на Вимблдон.

– Ми беше се потешко како одминуваше дуелот. Рафа имаше неколку фантастични поени со кои остануваше во мечот. Сепак, најтешките и најдобрите поени ми припаднаа на мене. Првиот сет беше долг, стигнав до водство и пробав да го задржам. Во вториот сет, Рафа беше фантастичен. Уживав на теренот со него. Ова беше дуел на многу високо ниво – изјави Федерер.

Негов следен предизвик е првиот тенисер на АТП ранг листата и бранител на трофејот, Новак Ѓоковиќ кој исто така со 3:1 славеше во полуфиналето против уште еден Шпанец, Роберто Баутиста Агут.

– Новак одигра одлично полуфинале. Тој е бранител на трофејот и покажа зашто е најдобар. Се надевам дека ќе можам да му се спротивставам на вистински начин и да го победам, но тоа ќе биде навистина тешко. Се радувам на финалето и пресметката со Новак – додаде Федерер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close