Сите ние се стремиме кон љубовта: „Љубов е“ е новиот албум на култната „Ареа“

Фото: Промо

Успешната музичка приказна што трае 30 години, култниот рок-бенд „Ареа“ ја потврдува со новиот албум, седми по ред, насловен „Љубов е“, чија промоција се случи во понеделникот.

„Љубов е“ содржи 11 песни проткаени со многу љубов, од кои пет веќе се објавени. Минатата недела беше пуштена во етер нумерата „Јаве или сон“, која всушност беше и најава за новиот албум.

Љубовта е движечка сила што нѐ опкружува, љубовта не препознава никакви бариери…

Зошто албумот се вика „Љубов е“?

– „Љубов е“ е насловен според истоимената песна што се наоѓа на албумот, а го доби тоа име од причина што сите песни на албумот се вртат околу љубовта и „Ареа“ секогаш пее за љубовта. Сите ние се стремиме кон љубовта, кон вистинската љубов, секое човечко суштество тежнее кон љубовта – вели вокалистката Ружица Милошеска-Брчиоска.

Ружица воедно најави и дека песните од новиот албум ќе ги промовираат со концертни настапи.

Сите песни на новиот албум се авторски на членовите на бендот.

Со „Љубов е“, „Ареа“ одбележува 30 години постоење на македонското музичко небо.

ВИДЕО | Слушнете ја „Јаве или сон“, новата песна на „Ареа“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот