Уживајте во најубавиот гол од групната фаза во ЛШ! (ВИДЕО)

фото: твитер

Марсел Сабицер од редовите на Лајпциг се прослави на дуелот против Зенит и го има најубавиот погодок од групната фаза во Лигата на шампионите.

Во 59. минута на натпреварот против рускиот претставник од 21 метар со еден фантастичен удар стрелаше во мрежата за голема радост на навивачите на бунделигашкиот клуб.

Овој меч на „Ред Бул“ арената во Лајпциг беше во рамките од третото коло, а погодокот победнички за триумф на Германците.

Лајпциг после завршувањето на групната фаза го освои првото место во групата „Г“ со 11 бодови, а во осминафиналето ќе ги одмери силите против екипата на Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот