УЖИВАЈТЕ: Скубе – Дибиров, спектакуларна комбинација со фантастичен финиш! (ВИДЕО)

принтскрин/фејсбук/ехф

Словенечкиот плејмејкер кој воедно имаше прекрасно гол шоу, без гледање успеа да го пронајде руското крило кој стрелаше на ефективен начин…

Без сомнение се очекува овој потег можеби и да се најде меѓу најдобрите пет на колото, по подолго време Вардар повторно на ЕХФ тв изборите…

Македонскиот и европски шампион и во тешки кризни и финансиски моменти се крева кога е најпотребно, денеска во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје каде што грмеа играчите, но и навивачите, беше обезбедено осминафиналето со победата над Мотор Запорожје (38:28).

Во текот на целиот меч „црвено-црните“ го контролираа резултатот и на крајот заслужено се радуваат на бодовите, а се надеваме ќе ги има уште во последните две кола против Порто и Монпеље.

А освен бодови, зошто да не и убави голови, потези, каков што еден од мечот Вардар-Мотор одвои ЕХФ тв…

„Спектакуларна комбинација со фантастичен финиш“ – така гласи насловот на видеото и фантастичната игра на вардаровите играчи, Сташ Скубе кој прекрасно асистираше без гледање до Тимур Дибиров, а овој си поигра на еден ефективен начин го матираше противничкиот голман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот