Ужасот продолжува: Талибанците објавија забрана за употреба на девизи во Авганистан

Офанзива на талибанците. / Фото: ЕПА

Талибанците денеска објавија целосна забрана за употреба на девизи во Авганистан.

„Економската ситуација и националните интереси во земјата бараат сите Авганистанци да ја користат само домашната валута во секоја трговија“, изјави портпаролот на Талибанците за новинарите, пренесува Ројтерс.

Употребата на американски долари е широко распространета на авганистанскиот пазар, додека валутите на соседните земји како Пакистан се користат за трговија во пограничните области.

Портпаролот на талибанците Мухамед Сухаил Шахин на 29 октомври ја повика меѓународната заедница итно да обезбеди материјална помош од 1,2 милијарди долари ветена на земјата на виртуелниот самит на Г20.

Шахин, кој е назначен за амбасадор на Авганистан во Обединетите нации, рече дека талибанската влада е подготвена целосно да соработува преку одредени агенции и други невладини организации на терен и рече дека меѓународната заедница треба да го поддржи Кабул со одмрзнување на речиси 10 милијарди долари од авганистанските средства во странство и продолжи да го финансира развојот и проектите ветени на конференцијата во Женева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот