УЖАСНО ОТКРИТИЕ НА ПАЦИЕНТКА: Гинеколог тајно снимал жени, па снимките ги ставал на порно сајтови (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Украинската полиција го истражува случајот во кој гинекологот Вјачеслава Триполка е обвинет за снимање на голем број жени во својата ординација, а тие снимки ги продавал на порно сајт.

Случајот е откриен кога една жена се видела себе на гинеколошки преглед на една порнографска страна додека лекарот и правел ултразвук.

Фото: Профимедиа

Полицијата влегла во неговата ординација и нашла неколку скриени камери. Сите жени се снимени тајно додека тој ги прегледувал, а содржината е објавувана на неименуван порно сајт.

 

Триполко, кој важел за угледен лекар не е уапсен, но не му е дозволено да се појавува на работа. Тој, сепак се сомничи е за производство и дистрибуција на порнографија и му се закануваат 7 години затвор.

Откако една пациентка изреагирала и му испратила неколку пораки, тој негирал, за потоа да обвини други гинеколози дека му поставиле камера во ординацијата.

Фото: Профимедиа

Обвинетиот гинеколог минатото лето поставил аларм во ординацијата и смета дека тогаш било кој можел да ги постави и камерите. Сепак има и постари снимки, па тоа тврдење не му оди во прилог.

„Прво мислев дека се работи за некаква болна шега, но сега кога сфатив дека работата е сериозна и како лекар и како човек сум згрозен од целата ситуација“ рекол директорот на болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот