УЖАСНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ ХАЛКИДИКИ: Најмалку петмина мртви (ВИДЕО)

Страшно невреме го зафати Халкидики и според неофицијални информации има тројца мртви, јавува државната грчка телевизија ЕРТ.

Една од жртвите е жена, која починала откако паднал покрив и ја затрупал.

По горештините со 42 степени, дожд и бура ги зафатија централниот и северниот дел на Грција, но температурите паѓаат низ целата земја.

Како што објави ЕРТ, на неколку места има и прекини на струја.

ЕРТ, како и неколку локални медиуми, но и Катимерини објавуваат дека има уште две нови жртви од кои едната е двегодишно машко детенце.

Има и повредени, меѓу кои ги истакнуваат татко и син, кои биле гости во еден хотел, но нема информации каква е нивната состојба.

Локалните власти со полицијата и противпожарните служби се на нозе.

 

https://www.facebook.com/watch/?v=344612033137387

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот