УЖАСНО! Еве што се случува со ЗЕТОТ кој си ја уби жената и нејзините родители во Нови Сад!

Фото: Фејсбук

Полицијата повеќе од 24 часа интензивно трага по 37-годишниот Горан Јанковиќ од Нови Сад, кој вчера околу осум часот наутро во страшен масакр ја уби својата сопруга Мирјана, како и нејзините родители Бранислав и Нада.

И покрај полициските напори и блокади во Нови Сад во текот на речиси целиот вчерашен ден, Јанковиќ и понатаму не е порнајден.

Вчера над Нови Сад летале и полициски хеликоптери, а министерот на полицијата Небојша Стефановиќ вчера изјави дека постојат одредени индиции околу тоа каде се наоѓа Јанковиќ и дека се очекува наскоро да биде уапсен.

Интензивната потрага по убиецот, чие брутално злосторство ги шокираше сите жители на Нови Сад, но и Србија и регионот и понатаму е во тек.

За злосторството да биде уште поморбидно, тој тоа го направил пред своите малолетни деца.

Нивниот постар син, кој имал 10 години, откако Јанковиќ побегнал од домот, го повикал својот вујко и му кажал дека  татко му ги убил неговите мајка, баба и дедо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот