Ужасна вистина: Што се случува со вашите уши додека носите слушалки?

Лиса Хелвеџ, директорката на Earworx, австралискиот сервис за чистење на уши, откри дека слушалките кои влегуваат во увото можат да предизвикаат собирање на прашина, пот, масло, мртва кожа, па дури и влакна во увото. Загрижувачки е фактот што со текот на време може да дојде до инфекција на увото.

Се што пречи на природниот пат на восокот до ушите може да доведе до насобирање на восокот. Како и кај чепкалките за уши и слушните помагала, слушалките стојат во делот од каналот во кој се произведува восокот, во надворешната третина на ушниот канал, и можат да предизвикаат производство на повеќе восок кога се користат често“ вели Лиса. Восокот во увото има неколку важни својства, а најбитна е заштитата и влажнењето на ушниот канал. Вишокот на восок може да доведе до инфекции. Тоа може да е проблем кога се носат слушалки на влажно време.

Водата заробена позади насобраниот восок, посебно кога се работи за средини со голема влажност, може да доведе до инфекција на увото. Симптоми се болка, мирис, исцедок и чешање“, вели Хелвеџ. Иако сте можеби многу поврзани за слушалките, таа советува да одберете некој друг начин за слушање на музика, како што се слушалките за над уво.

„Исто како стапчињата за уши, така и слушалките кои се во увото, собираат восок и ги оставаат ушите суви. Тоа ќе ве чеша. Оставете неколку дена да се произведе природно восокот и проверете дали се подобруваат работите. Запомнете, можете повторно да добиете инфекција доколку ставите валкани слушалки во ушите. Затоа ако веќе никако не можете без нив, обидете се секојдневно да ги чистите со алкохол кој убива 99,9 % од бактериите“ заклучи Лиса Хелвеџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот