Ужасна вест од Африка: Коронавирусот ќе ги убие сите горили!

Горила во Националниот парк Бвинди Фото: Профимедиа

Тие би можеле да исчезнат заради епидемијата.

Горилата делат 98 проценти од човечката ДНК и може да добијат респираторни заболувања од луѓето и тоа со смртоносни последици, покажа неодамнешното истражување, кое предупредува на последиците од пандемијата „Ковид-19“ врз овие животни.

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Водечките научници минатиот месец предупредија дека Ковид-19 е „егзистенцијална закана“ за приматите (највисок род на цицачи- човек, мајмун) и дека, особено за планинските горили, појавата на новата, многу заразна болест може да доведе до „потенцијално изумирање“, пишува „Гардијан“.

Според тоа, ренџерите во националниот парк Бвинди во Уганда, каде живеат околу 600 горили, носат маски за лице, користат средства за дезинфекција и држат растојание од мајмуните.

Суспензијата на екотуризмот за време на пандемијата од коронавирусот, исто така значеше дека е изгубен главниот извор на приходи за зачувувањето на горилата, а постојат стравувања дека некои околни заедници, кои се зависни од туристи, може дод очај да се свртат кон ловокрадството.

  • Загрижени сме- вели Башир Ханги, портпарол на Управата за дивина на Уганда, државно тело кое управува со националниот парк „Бвинди“ и девет други национални паркови.
Фото:  EPA-EFE/RONALD WITTEK
  • Ако ова продолжи, дефинитивно ќе го смени она што го постигнавме во зачувувањето на горилата. Нема сомнение за тоа – пишува Гардијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот