Ужасна трагедија во САД: Петгодишно дете си го застрела постарото братче, играјќи си со пиштол

Фото: EPA-EFE/BRENDAN DAVIS

Петгодишно дете во Арканзас го застрелало и убило својот осумгодишен брат, случајно додека си играло со пиштолот на нивниот татко, јавија американските медиуми.

Трагедијата се случила во семејната куќа во предградието на Пајн Блаф, град со 40.000 жители на околу 70 километри јужно од главниот град на Арканзас, Литл Рок.

„Ова е трагичен инцидент што можеше да се избегне. Треба постојано да нагласуваме дека оружјето треба да се чуваат на безбедно и подалеку од дофат на деца“, рече шерифот на округот Џеферсон, Лафајет Вудс.

Тој рече дека неодговорните сопственици, кои не го чуваат оружјето на соодветно место, од вакви трагедии ги дели само дел од секундата.

Според американските медиуми, од почетокот на годината во вакви несреќи, а имало 126, во САД загинале 55 лица, а 78 се ранети, објави непрофитната организација „Everytown for Gun Safety“, во врска со несреќата во Арканзас.

Оттаму потсетуваат дека минатата година биле забележани 392 вакви случаи, – 163 жртви и 248 повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот