УЖАСНА СМРТ НА ПОЗНАТАТА ЈУТЈУБЕРКА: Загинала на електричен тротинет

јутјуберка
Принтскрин

Британската јутјуб-ѕвезда Емили Хартриџ загинала откако ја удрил камион додека возела електричен тротинет, а со тоа е доведена во прашање безбедноста на овие тротинети како превозни средства.

Таа го водеше популарниот канал „10 причини зошто“. Најпрво полицијата не го соопштила идентитетот, но нејзините пријатели и момчето потврдиле дека загинала на прометна улица, откако во неа удрил камион.

Ова е прва смрт во Британија, а најверојатно и во Европа која вклучува електричен тротинет. Во исто време, уште еден тинејџер е во критична состојба поради несреќа со електричен тротинет.

Поради ова Велика Британија ќе ја преиспитува безбедноста на тротинетите, како и ограничувањата каде тие смеат да се движат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот