Ужасна повреда на Љорис, лош ден за Тотенхем! (ВИДЕО)

twitter.com/goal

Во својот осми натпревар оваа сезона во Премиер лигата фудбалерите на Покетино го претрпеа и третиот пораз. На гостувањето кај послаборангираниот Брајтон европскиот вицешампион Тотенхем загуби со убедлив резултат 3:0.

Нил Мопе го отвори резултатот уште во третата минута, потоа зголеми Арон Коноли после нешто половина час игра, а конечниот епилог го постави Коноли со вториот погодок во 65 минута на „Ејмекс“ стадионот.

Уго Љорис успеа да спречи една топка да влезе во неговата мрежа, но е и во следниот момент. Во незгоден пад доживеа страшна повреда на левиот лакт, францускиот голман врескаше од болка и веднаш му беше укажана лекарска помош.

Тотенхем во генералниот пласман се наоѓа на шестото место со 11 бодови, 10 помалку зад водечкиот Ливерпул, а Брајтон после втората победа се искачи на 12 позиција со девет бодови.

„Петлите“ барем во досегашниот дел од сезоната се далеку од ланската форма кога стигнаа дури до финалето од Лигата на шампионите и станува уште поголем притисокот кон менаџерот Маурицио Покетино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот