УЖАСНА НЕСРЕЌА ВО СРБИЈА: Автомобил излетал од патот, загинала тинејџерка, уште една девојка тешко повредена

Една 17-годишна девојка денеска починала во болница во Чачак, Србија од тешките повреди со кои се здобила во сообраќајна несреќа во неделата навечер, а состојбата на другата личност повредена во несреќата исто така била критична, пренесува Курир.рс.

Аавтомобилот со кој управувало едно 21-годишно момче и во кое се наоѓале уште две девојки и едно момче, излетел од пат во неделата, околу 23.000 часот во близина на Чачак, пренесува истиот медиум.

Според неофицијални информации од полицијата, причината за несреќата наводно била големата брзина по влажниот коловоз.

Пожарникарите биле принудени да го сечат автомобилот за да ги извлечат повредените.

Двајцата повредени момчиња исто така биле хоспирализирани во болницата во Чачак, но наводно и тие се наоѓале во тешка здравјствена состојба, пренесуваат српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот