Ужасна глетка од Њујорк: Со вилушкари ги товараат починатите од коронавирус во ладилници (ВИДЕО)

ФОТО: Screenshot

„Точно овде во Бруклин, пред болницата, ова е вистинско“, вели авторот на видеото.

Америка стана земја со најголем број на заболени од коронавирусот во светот, со над 145.000 потврдени случаи, додека бројот на жртвите порасна на 2.600.

Една ужасна снимка од болницата во Бруклин покажува колку ситуацијата е сериозна.

Вилушкар ги превезува телата на починатите, а потоа ги става во камион – ладилник кој ги носи понатаму.

Цело време додека трае снимката, се слуша маж, автор на видеото како повторува: „ова е вистинско“, „прифатете го ова сериозно, останете дома“, додека телата ги возат низ улицата.

„Точно овде во Бруклин, пред болницата, ова е вистинско“, рече тој.

Градските болници во Њујорк поставија мртовечници пред установите за да се изборат со големиот број жртви на пандемијата која тешко ја погоди метрополата.

На уште една снимка се гледаат тела пред болница, кои треба да ги натоварат во камиони.

Болниците се толку оптоварени, што во њујоршкото пристаниште пристигна брод – болница, за да ги згрижи пациентите кои не се лекуваат од коронавирусот, зошто повеќето болници сега се фокусирани само на пациентите заразени од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот