УЖАСЕН НАСТАН ВО ЊУЈОРК: Жена скокнала од кров заедно со својата петгодишна ќерка

Фото: Профимедиа

Жена од Бруклин во неделата скокнала од кровот на зградата Хелс Кичен од 12 спрат, држејќи ја во прегратка својата петгодишна ќерка, по што и двете починале, информира тамошната полиција.

Оксана Патчин (39) и Оливија Патчин биле префрлени во болницата Сент Лукс Рузвелт, каде докторите можеле само да констатираат смрт, пренесува „Фокс Њуз“.

-Тие беа одлични, немаше никакви проблеми со нив. Неможам да верувам. Ова е страшно – рекол еден познанин на починатата жена за американските медиуми.

Полициски извори и жители на зградата истакнаа дека жената посетила пријателка која живеела во истата зграда. Оксана од пријателката побарала картичка за излез на кровот, тврдејќи дека сака на својата ќерка да и го покаже погледот, тврдат полициски извори.

Камерите потоа ги забележале мајката и ќерката како се движат, пред да ја поминат безбедносната ограда, кога мјката ја зела својата ќерка во прегратка и заедно со неа скокнала од зградата.

– Навистина ме потресе овој настан. Тоа е многу, многу вознемирувачки – рекол станар за полицијата.

Според профилите на социјалните мрежи на Оксана се гледа дека таа по потекло е од Украина, а во Њујорк студирала сметководство. 

Извори од безбедносните агенции велат дека жената во текот на летото се развела од сопругот и живеела со својата мајка, а не оставила ниту проштална порака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот