Ужасен напад во Црна Гора: Насилници врежаа крст на градите на ЛГБТ лице и му ги повредија гениталиите

epa06552705 Police guard the entrance to the US embassy building in Podgorica, Montenegro, 22 February 2018. According to media reports, a man attacked the US embassy building at around 12:30 am local time by throwing an explosive device over the compund wall, then blew himself up outside the building. There were no other injuries or fatalities reported. EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Непознати лица нападнале припадник на ЛГБТ заедницата во Црна Гора и му исекле крст на градите, објави денеска претседателката на ЛГБТ форумот Прогрес Бојана Јокиќ, пренесе Индекс.хр.  Цунами од реакции со осуда за ова ужасно злосторство ги преплави и социјалните мрежи.

Нападот, рече Јокиќ, се случил во средата вечерта пред семејната куќа на еден млад човек кој сакал да ја посети својата мајка.

„Синоќа беше нападнат член на ЛГБТ Форумот Прогрес, тој беше повреден во пределот на гениталиите со остар предмет, крст му беше исцртан во пределот на градите, украдени пари и часовник“, напиша Јокиќ на Твитер, повикувајќи се на властите да ги пронајдат напаѓачите што е можно поскоро.

Црногорската полиција наскоро реагираше, велејќи во соопштението дека презема интензивни мерки и активности за расветлување на нападот.

„Полициско – обвинителските активности во овој случај се во тек“, соопшти полицијата.

Синоќешниот напад го осудија и црногорските државни претставници, амбасадите на САД и ЕУ во Подгорица, невладини организации и Српската православна црква.

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, осудувајќи го нападот, рече дека бара итна реакција од властите.

„Причината за нападот мора да се испита, а сторителите да бидат гонети“, рече Кривокапиќ.

Народниот правобранител Синиша Бјековиќ, откако се запозна со деталите за настанот во разговор со претседателот на ЛГБТ Форумот Прогрес, рече дека тој е „вознемирен и згрозен од фактот дека секоја лична одлика може да биде причина за такво злосторство од омраза “.

Во изјавата Бјековиќ потсети дека припадниците на ЛГБТ популацијата се изложени на говор на омраза, малтретирање и напади на Интернет веќе подолго време.

„Сега таквата атмосфера е пренесена на улиците и тоа е нешто што е недозволиво и на што мора да се спротивставиме ние како општество“, рече Бјековиќ.

Осудувајќи го синоќешниот настан, шефицата на Делегацијата на Европската унија во Црна Гора, Оана Кристина Попа, рече дека е згрозена од синоќешниот напад и го привлече вниманието на црногорските власти кон „нулта толеранција за каква било форма на насилство врз ранливите групи“.

„ЕУ очекува брза и ефикасна истрага за нападите, како и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша Попа на Твитер.

Нападот го осудија и американската амбасада во Подгорица и бројни невладини организации за човекови права, како и Српската православна црква во Црна Гора.

Парохискиот свештеник во Подгорица, Никола Пејовиќ, го осуди нападот како нечовечки и антицивилизациски чин. „Со најголема одвратност и презир, како свештеник и православен христијанин, го осудувам овој нечовечки и антицивилизациски чин. Крстот, кој е симбол на љубовта кон ближниот, особено кон оние кои се различни, стана во овој случај знак на богохулење против Богот на љубовта, тој го прегрнува целиот свет со свои раце “, рече Пејовиќ во изјавата, изразувајќи надеж дека, како што рече, надлежните органи ќе сторат сè што е потребно за да се најдат сторителите и да одговорат за нивните постапки.

Првата парада на гордоста во Црна Гора се одржа во средината на 2013 година во Будва, кога околу триесет учесници на парадата беа обезбедени од 400 полицајци. Противниците на ЛГБТ-парадата, сепак, успеаја да се пробијат до учесниците фрлајќи камења и шишиња кон нив, па тие мораа да бидат евакуирани.

На крајот на истата година, се одржа ново дефиле на гордоста во Подгорица, каде беа пријавени и помали инциденти. Оттогаш, гордоста се одржува во Црна Гора со високи безбедносни мерки и главно без инциденти.

Извор:Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот